Манчестер сити замената за Родри ја пронајде во Лацио

Англискиот шампион Манчестер сити се подготвува да ја засили средината на теренот со трансфер на италијанскиот репрезентативец Николо Ровела, како потенцијална замена за повредениот Родри. Според италијанските медиуми, Граѓаните планираат да испратат понуда од околу 40 милиони евра за 23-годишниот играч во јануарскиот трансфер-прозорец.

Ровела моментно игра за Лацио, каде што е на двегодишна позајмица од Јувентус, со опција Лацио да го откупи неговиот договор за 17 милиони евра под одредени услови. Играчот дебитираше за италијанската репрезентација во ноември и се смета за еден од најталентираните млади играчи во Италија.

Покрај интересот за Ровела, Манчестер сити се поврзува и со трансфер на друг италијански играч, Самуеле Ричи, кој исто така се смета за одлична опција за средниот ред.

Доколку трансферот се реализира, Сити би можело да обезбеди долгорочна замена за Родри додека ги зголемува своите опции за ротација во напорната сезона.

- Оглас -

Најнови вести