Ќе има голови во Лондон, Селтик и Галатасарај се зицери

2832 Галатасарај – Башакшехир (18.30 часот)
Ова е прва рунда од турскиот Куп, но нема дилеми дека Галатасарај сериозно ќе го сфати мечот и дека ќе се обиде да победи. На домашен терен, Галата е ефикасен тим и очекувањата се дека ќе бидат постигнати најмалку три гола.
Предлог тип: 1& 3+(1.76)

 

1326 Атлетик Билбао – Барселона (20.00 часот)
Ова е натпревар од полуфиналето на Суперкупот на Шпанија кој се игра во Џеда. Барселона го посакува трофејот, но Атлетик Билбао е сериозен ривал. Нашиот предлог е дека каталонскиот тим нема да загуби, а на мечот ќе бидат постигнати од еден до три гола.
Предлог тип: X2 & 1-3 (2.12)

 

1241 Селтик – Данди јунајтед (20.45 часот)
Селтик има двоцифрена бодовна предност во првенството на Шкотска, но тоа не значи дека вечерва нема да приреди уште едно шоу за гледачите. Дуелот со третопласираниот тим Данди јунајтед е одлична можност за нов триумф, но и меч со многу голови.
Предлог тип: 1 & 4+ (2.07)

 

2833 Бенфика – Брага (20.45 часот)
Ова е полуфинале на Лига купот на Португалија и Бенфика ќе сака да обезбеди финале каде што веќе се пласира големиот ривал Спортинг Лисабон. Бенфика е фаворит, но, сепак, не се очекуваат премногу голови на овој меч, со оглед дека се работи за нокаут-натпревар.
Предлог тип: 1 & 0-4 (2.00)

 

1187 Тотенхем – Ливерпул (21.00 часот)
Дуелот меѓу Тотенхем и Ливерпул во ЕФЛ-купот е во фокусот на Островот. Кога играат овие два тима, редовно има голови, па таков е нашиот предлог и за вечерва – да бидат постигнати најмалку четири гола и да се тресат и двете мрежи.
Предлог тип: ГГ и 4+ (1.88)

- Оглас -

Најнови вести