Како подготовка за настап на престојното Светско ракометно првенство, селекцијата на Словенија славеше во дуелот против Катар и тоа убедливо со 38:30. Меѓот кој беше од пријателски карактер, се претвори во тепачка во која учествуваа многу ракометари од двете селекции.
Се играше 53 минута од мечот, Словенија водеше со 31:27, а Катар беше во напад. Беше направен фаул врз Франки Марцо, а репрезентативецот на Катар потоа го клоцна Јанц и тогаш се случи голема мешаница и хаос на теренот.
За среќа, страстите брзо се смирија, па мечот продолжи, а Марцо заработи исклучување.
Here we go😳🤯
It’s just escalated in the friendly between Slovenia and Qatar. Blue card for Frankis Marzo.
📹: RTV Slovenija #handball pic.twitter.com/70UvNcVicF— Rasmus Boysen (@RasmusBoysen92) January 7, 2025