Најбогатиот човек во светот, Илон Маск се споменува како можен нов сопственик на англискиот гигант. Ливерпул. Маск кој е газда на Тесла, Х-спејс и социјалната мрежа Х, сега би можел да стане сопственик на уште еден светски бренд, но овојпат во светот на спортот.
Најавите во светските медиуми велат дека Маск би можел да одвои 7,2 милијарди евра за да го добие Ливерпул во своја сопственост. Самиот Илон досега оббиваше да коментира околу овие шпекулации, но сега се јави неговиот татко Ерол во разговор на Радио Тајмс.
„Вистина е дека Илон изрази желба да го купи Ливерпул, но тоа не значи дека навистина ќе го направи тоа. Дали сака да биде газда на клубот? Секако дека сака, кој не би сакал да биде? неговата баба е родена во тој град. Имаме роднини таму“, изјави таткото на Илон, Ерол Маск.
🤷♂️ Elon Musk’s father has claimed that the world’s richest man is interested in buying Liverpool pic.twitter.com/QbThCZZc6a
— Transfermarkt.co.uk (@TMuk_news) January 8, 2025
Оваа вест прв ја лансираше „Weekend Sport“, кој дури излезе и со сума од 7,2 милијарди евра. Таа сума е само два отсто од вкупната вредност на богатството на Маск, кое се проценува на 400 милијарди евра.
Со евентуалното купување на Ливерпул, Маск не само што ќе влезе во светот на спортот, туку ќе го зголеми своето влијание и моќ во Велика Британија.
Ливерпул од 2010 година е во сопственост на американската „ Fenway Sports Grupe“, која тогаш плати 300 милиони фунти. „ФГС“ е сопственик и на стадионот „Енфилд роуд“, а под свое има и други спортиски франшизи како што се МЛБ клубот на Бостон ред сокс и хокејарскиот тим на Питсбург.