Ракометниот суперлигаш ГРК Охрид го промовираше новото засилување за вториот дел од сезоната во македонското првенство. Се работи за дваесет и две годишниот Де Соуза Мораис Каио Винициус.
Се работи за бразилски младински репрезентативец кој игра на позицијата десен бек и потпиша едно ипол годишен договор со тимот на Охрид.
„Многу сум среќен за моето пристигнување во Охрид. Клуб со европски амбиции и колеги професионалци. Од моја страна нема да недостасува посветеност. Се надевам дека ќе имаме успеси во Охрид, мојот нов дом“ – изјави Винициус на денешната промоција во новиот клуб.