Новата година започна фантастично: Мали уплати, а големи добивки, главниот фокус беше на дуелот на којшто Реал се радуваше (Фото)

Новата година за многумина играчи во Sport Life започна среќно, со големи добивки. Од многуте добитни тикети, два беа посебно интересни, каде што со уплати само од 100 денари, добивките се одлични.

Во Куманово беше уплатен интересен тикет, на којшто се погодени два пресврта кои се случија во еден ден и тие беа креирани од европски гиганти.

Во шпанското првенство Валенсија водеше со 1:0 на полувреме против Реал Мадрид, но Кралскиот клуб во вториот дел направи пресврт. Да биде подвигот уште поголем, Реал постигна два гола со играч помалку, односно откако беше исклучен Винисиус јуниор. Гостите прво израмнија во 85-тата минута, а потоа во 90+5 минута со голот на Џуд Белингам стигнаа до победа од 2:1, што беше одлично за погодена квота од 23.

Во полуфиналето на Суперкупот на Италија, Јувентус на полувремето водеше со 1:0 против Милан, но Росонерите направија пресврт во вториот дел и постигнаа два гола за победа од 2:1 и погодена квота од 39. Вкупниот погоден коефициент од овие два пресврта е 897, па само со 100 вложени денари, нето-добивката е 76.260 денари

Тикет со погодена вкупна квота од 1.032 беше одигран во Неготино. Тука се одиграни шест пара и главниот фокус е на играта на голови. И тука главната драма е на мечот на „Местаља“, каде што Реал Мадрид победи со 2:1, а тоа беше доволно да се погоди комбинацијата дека гостите ќе победат и двата тима ќе постигнат гол.

Дури четири мечеви се погодени на комбинацијата ГГ3+. Милан со 2:1 славеше над Јувентус, Гренобл со 3:2 беше подобар од Бастија, Анеси со гол во 89-тата минута победи со 2:1 на гости кај Ажаксио, а неверојатно возбудлив дуел одиграа Гимераиш и Спортинг Лисабон, а на крајот резултатот беше 4:4.

Ница со 3:2 беше подобра од Рен во дуел на кој домаќините водеа со 3:1 на полувреме, а во вториот дел гостите само намалија на 3:2.

- Оглас -

Најнови вести