Нико Вилијамс сака да оди во Арсенал, но проблем е една клаузула од неговиот договор

Минатото лето лесно можеше да се случи Нико Вилијамс да се пресели од Атлетик Билбао во Барселона, но трансферот не се реализира поради финансиските проблеми на Каталонците. Според она што се случува во моментов со Дани Олмо, се чини дека Нико Вилијамс направи вистински избор што остана во Баскија, а сега е пред трансфер во Премиер лигата.

Интерес за него има од Арсенал, а самиот фудбалер сака да се пресели во Лондон, каде што тренер е Микел Артета. Постоеше опција тој уште зимава да направи трансфер во Арсенал, но проблем е клаузулата од неговиот договор, според која, заинтересираниот клуб може да го купи само за 48 милиони фунти, но само ако ја плати целата сума одеднаш.

Во моментов Топчиите не можат да го сторат тоа поради строгите правила за Премиер лигата за финансискиот ферплеј, но трансферот ќе можат да го реализираат налето.

- Оглас -

Најнови вести