Кристијано Роналдо сака да си замине од Саудиска Арабија, но Ал-Наср има „ас во ракавот“ за да го задржи

Договорот на Кристијано Роналдо со Ал-Наср завршува налето и Португалецот е слободен да преговара со други клубови. Светските медиуми веќе шпекулираат дека тој сака да си замине од Саудиска Арабија, а неговиот менаџерски тим е во потрага по екипата каде ќе ја продолжи кариерата.

Легендарниот Португалец сака да игра во конкурентна екипа за да остане во форма, но и Ал-Наср нема намера така лесно да се откаже од неговите услуги. Раководството на клубот од Саудиска Арабија е пред договор за трансфер на Каземиро, соиграчот на Кристијано од најдобрите денови во Реал Мадрид, па можеби тоа ќе биде она што ќе го предомисли.

Каземиро пред само шест месеци го одби Ал-Наср, но откако го изгуби местото во Манчестер јунајтед, можно е да му се придружи на Кристијано Роналдо и да формираат екипа која ќе се бори за трофеите во Саудиска Арабија.

- Оглас -

Најнови вести