Хулен Лопетеги веќе не е тренер на Вест хем, откако раководството на „чеканите“ му врачи отказ поради лошите резултати. Шпанецот во Лондон дојде на почетокот од оваа сезона и на 22 натпревари забележа само седум победи, пет нерешени и дури 10 порази.
„Првата половина од сезоната не беше во согласност со амбициите на клубот и затоа презедовме мерки во согласност со нашите амбиции. Раководството сака да му се заблагодари на Хулен и неговите соработници за нивната напорна работа во текот на времето во Вест хем и им посакуваме многу успех во иднина.“ – се вели во соопштението на премиерлигашот.
Најсериозен кандидат за наследник на Лопетеги е поранешниот тренер на Челзи и Брајтон, Грем Потер.