Македонија даде силен отпор против Хрватска, тимот на Лазаров зрачи позитивни сигнали

Машката ракометна репрезентација на Македонија имаше генерална проба во салата во Вараждин каде наскоро ќе игра веројатно шест натпревари на Светското првенство, одигран е пријателски меч против домашната Хрватска.

Хрватите победија со 27-25, а нашите ракометари имаа доста позитивни моменти кои даваат право на оптимизам пред СП.

Во првото полувреме Хрватите двапати имаа предност и од три гола разлика, но нашите не му дозволија на противникот да се одлепи, најмногу благодарение на голманот Митревски кој имаше 8 одбрани во првиот дел, а во финишот тимот на селекторот Лазаров направи пресврт и на пауза замина со позитива од 14-13.

Во второто полувреме Кизиќ имаше шоу на голот со три одбранети седмерци по ред, Македонија постојано беше блиску, но претрпе тесен пораз против силен противник на оваа контрола.

Искусниот Жарко Пешевски со 4 гола беше најефикасен во македонската селекција.

- Оглас -

Најнови вести