Барселона е првиот финалист во шпанскиот Суперкуп, откако вечерва го совладаа Атлетик Билбао со 2-0. Во финалето, Барса ќе игра со Реал Мадрид или Мајорка кои утре го играат своето полуфинале.
Гави беше стрелец и асистент, со тоа и јунак на мечот. Тој немаше постигнато гол уште од октомври 2023 година.
Ламин Јамал го даде својот седми гол сезонава во сите натпреварувања на 22 меча, и веќе се изедначи со голгетерскиот учинок од цела претходна сезона на 50 меча. Јамал лани во полуфиналето како 16-годишен стана најмлад стрелец во историјата на шпанскиот Суперкуп, а сега повторно даде гол во полуфинале.
За Билбао заврши серијата од 15 меча без пораз, до вечерва немаа пораз три месеци. Во 82-ра и 87-ма минута ВАР им поништи два гола, и беше предоцна за да спречат пораз.