Бентанкур имаше срцев удар на мечот со Ливерпул? (Видео)

Вистинска драма се случуваше вечерва на стадионот на Тотенхем во Лондон, кога во 6-тата минута од полуфиналето на Лига купот помеѓу Тотенхем и Ливерпул, Родриго Бентанкур падна на земја и долго време му се укажуваше лекарска помош.

Уругваецот незгодно падна на тревата при еден неуспешен обид да ја удри топката со глава. Повторените снимки покажаа нешто друго, има сомнеж дека Бентанкур можеби имал и мал срцев удар. Тој пред да падне, на необичен начин ја мрда вилицата што укажува на најава за можен срцев удар.

Од Тотенхем објавија добри вести дека Бентанкур е свесен, дека зборува и ќе оди во болница на дополнителни прегледи. Средбата заврши со победа на домашните од 1-0, а ќе има и реванш на „Енфилд“.

Ова е паѓањето по кое на Бентанкур десетина минути му се укажуваше лекарска помош:

- Оглас -

Најнови вести