Хајдук подготвува реконструкција, Трајковски на лето си оди од Сплит

Македонскиот репрезентативец, Александар Трајковски, на лето ќе има нов клуб, откако ќе го напушти Хајдук. Хрватските медиуми најавуваат реконструкција во Сплит, а Хајдук нема да им ги продолжи договорите не само на Александар Трајковски, туку и на Ловро Калиниќ и на Јосип Елез.

Сплитските „бели“ планираат на нивно место шанса да добијат помлади фудбалери. Александар Трајковски има договор со Хајдук до крајот на оваа сезона, но со опција да се продолжи на уште една сезона, која најверојатно нема да биде искористена.

Македонецот потекнува од Цементарница, а освен за Хајдук, настапуваше и за Интер Запрешиќ, Варегем, Мехелен, Палермо, Мајорка, Алборг и Ал-Фајха, додека за репрезентацијата на Македонија настапи на 91 натпревар со ефект од 21 гол.

Трајковски оваа сезона собра 11 настапи за Хајдук, на кои постигна еден гол.

- Оглас -

Најнови вести