Ништо во актуелната сезона на стадионот „Ренато Дал’Ара“ не потсетува на претходната кога станува збор за Болоња, но работите би можеле да се подобрат во догледно време доколку спортскиот сектор ги реализира своите замисли за засилувања.
Како што пренесува „Кориере дело Спорт“, Болоња е заинтересирана овој јануари да ги врати во Реџо Емилија минатосезонскиот најдобар фудбалер Џошуа Зиркзе, но и Федерико Кјеза, кој ќе го напушти Ливерпул и бара нов клуб во Серија А.
И двајцата фудбалери оваа сезона покажаа дека англискиот фудбал не им одговара, па веројатно нема лесно да го одбијат повикот од Болоња, иако може да изгледа дека заслужуваат шанса во поголем клуб.
Проблемот во двата случаи се високите договори на фудбалерите. Во случајот на Зиркзе, позајмицата би била соодветна, но Манчестер јунајтед бара целосен откуп на договорот на холандскиот фудбалер, што во овој момент е надвор од финансиските можности на Болоња.
Слична е ситуацијата и со Кјеза, кој во Ливерпул е во уште полоша позиција отколку Зиркзе во Јунајтед, но високата плата на италијанскиот фудбалер на „Енфилд“ исто така ќе бара компромиси доколку двете страни сакаат да ја реализираат зделката.
Болоња моментно се наоѓа на седмото место во италијанскиот шампионат со исто толку бодови заостанување зад местото кое води во Лигата на шампионите.