Ѓоковиќ со неочекувано откритие: Татко ми се обидува да ме пензионира!

Во интервју за „GQ“ направено на јахта на црногорското приморје, Новак Ѓоковиќ кажа една работа која зачуди многумина, а тоа е дека неговиот татко Срѓан го посетува да се пензионира.

Срѓан има давано изјави дека Новак ќе игра уште долго и додека не освои 30 гренслем титули, но изгледа тоа е само шоу за јавноста, а приватно, ставот му е поинаков.

„Татко ми веќе некое време се обидува да ме пензионира, да навистина. Не ме притиска, ја почитува мојата одлука да продолжам да играм, разбира зошто сакам да продолжам, но ме прашува и што уште сакам да направам. Не само татко ми, и други луѓе ме прашуваат зошто не се повлечам додека сум на врвот. Ако сум физички способен и чувствувам дека можам да ги победам најдобрите, зошто би престанал да играм“, вели Ѓоковиќ кој има 37 години.

Во 2025, Ѓоковиќ најави дека нема да игра само на четирите гренслема и во Дејвис купот, туку ќе одигра неколку подготвителни турнири пред гренслемовите, особено на земјена подлога.

- Оглас -

Најнови вести