Дориан Бабунски продолжува во романската лига

Македонскиот напаѓач Дориан Бабунски потпиша за романскиот прволигаш Сепси ОСК. Сепси во моментов е на седмото место во романската лига, а тоа е тим во кој заменик капитен е македонскиот репрезентативец Исник Алими.

Бабунски кој има седум настапи за репрезентацијата на Македонија и е помлад брат на Давид кој игра за Данди јунајтед, потпиша договор на две и пол години.

Дориан има настапувано за Дебрецен, Ботев Враца, Мачида Зелвија, Кагошима, Радомље Олимпија, а во Сепси дојде од швајцарски Грасхоперс.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести