Португалската мегаѕвезда Кристијано Роналдо беше стрелец на гол за Ал-Наср во триумфот од 3-1 против Ал-Акдоод во првенството на Саудиска Арабија. Тој погоди од пенал од 42-та минута и се погрижи за пресврт, со оглед дека гостите поведоа преку Савиор, а потоа Садио Мане го израмни резултатот.
Роналдо ја потврди својата неверојатна класа постигнувајќи гол во секоја од последните 24 години. Тоа беше вкупно 917-ти гол во неговата блескава кариера.
Садио Мане во финишот постигна уште еден погодок и го потврди триумфот.
Ал-Наср се наоѓа на третата позиција на табелата со 28 бода, осум помалку од лидерот Ал-Итихад.