Манчестер јунајтед го продолжи договорот со крилниот напаѓач Амад Дијало, со што 22-годишниот играч ќе остане дел од Црвените ѓаволи до 30 јуни 2030 година. Клубот ја објави оваа вест преку својата официјална веб-страница, нагласувајќи го значењето на Диало за иднината на тимот.
Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска има одиграно 50 натпревари и постигнато девет гола откако се приклучи на Манчестер јунајтед во 2021 година. Оваа сезона, Дијало бележи одлична форма со шест погодоци и седум асистенции, а двапати беше прогласен за играч на месецот.
„Се чувствувам исклучително горд поради новиот договор. Имав неверојатни моменти со овој клуб, но знам дека најдоброто допрва доаѓа. Имам големи амбиции и сакам да постигнам нешто историско со Манчестер јунајтед“, изјави Дијало.