Во неделното финале на Суперкупот на Шпанија ќе се соочат големите ривали Барселона и Реал Мадрид. Реал обезбеди пласман во финалето со победа од 3-0 против Мајорка во полуфиналето.
Натпреварот беше обележан со судирите меѓу Винисиус јуниор и аргентинскиот дефанзивец на Мајорка, Пабло Мафео. Нивните дуели беа жестоки и исполнети со провокации, што кулминираше со општа расправија меѓу играчите на двата тима. Во тунелот беше спречен и поголем инцидент меѓу Винисиус и Мафео.
Vinicius a Maffeo.."TU A CASA" JAJAJAJAJA pic.twitter.com/SC8oHlC95y
— Trunks (@trunksRM) January 9, 2025
Судирот меѓу Винисиус и Мафео трае веќе неколку години, уште од моментот кога Мафео доби црвен картон поради фаул над Бразилецот. Тензијата беше дополнително поттикната со коментарите на Мафео пред натпреварот, кога во еден подкаст изјави дека би го нокаутирал Винисиус за десет секунди во боксерски дуел.