Во Британија покренато обвинение за силување на две жени за премиерлигашка ѕвезда

Кралското обвинителство на Велика Британија покрена постапка против фудбалер од Премиер лигата за силување на две жени, како и за сексуален прекршок врз трета жена. Според британските закони, името на фудбалерот не се објавува, но познато е дека обвинетиот има 31 година и дека заработува шестцифрена сума на неделно ниво.

Истиот фудбалер за ваков прекршок бил преведуван уште во 2022 година, но бил ослободен, но сега кралското обвинителство сите докази ги предаде до судот кој треба да одлучува за случајот.

Настанот се случил во 2021 година, а клубот бил предупреден за случувањата, но фудбалерот продолжил да игра за екипата без никакви ограничувања.

- Оглас -

Најнови вести