Од Атлетико Мадрид се жалат за Олмо: „Направен е опасен преседан“

Високиот спортски суд ја прифати жалбата на Барселона и одлуката за регистрациите на Дани Олмо и Пау Виктор ја врати на повторно разгледување, а тоа значи дека сите досегашни одлуки се поништени и двајцата имаат право на настап.

За разгледување на жалбата ќе им бидат потребни околу три месеци, а до тогаш и двајцата ќе може да играат, па дури потоа ќе биде објавено дали ќе останат регистрирани за Барселона или не. Ваквата одлука не им се допадна на раководството на Атлетико Мадрид, екипа која е во борба за шампионската титула во Ла Лига.

„Спортското право постои за да ја штити економската контрола со која Ла Лига го одржува редот. До сега тоа беше најсилната алатка на Ла Лига, нешто што го направивме успешно и на меѓународна сцена. Нашиот клуб, како и сите останати од Ла Лига се до оваа одлука, ги почитувавме сите економски правила и така и ќе продолжиме. Не само тоа, туку свесни сме дека мораме да ги зголемиме капиталните вложувања ако сакаме дополнително да напредуваме и тоа ќе го направиме без оглед на проблемите. Владината интервенција во овој случај е опасен преседан, бидејќи ја отвори вратата и за другите да можат да ги кршат правилата и да ги повторуваат грешките од минатото. Правилата мора да бидат исти за сите, во спротивно ова не е фер натпреварување.“ – велат од Атлетико Мадрид.

Слични соопштенија објавија и од Атлетик Билбао и Лас Палмас.

- Оглас -

Најнови вести