1104 Астон вила – Вест хем (21:00)
Астон вила ја има фаворитската улога во мечот од англискиот ФА куп против Вест хем и од нив се очекува победа. Гостите се во лоша форма, а тоа беше и причината за промена на тренерската позиција, па сега пожарот кај „чеканите“ ќе го гаси Греам Потер. На последните четири меѓусебни натпревари Вест хем нема победа против Астон вила, а на сите четири меча имало по најмалку еден гол во првото полувреме.
Предлог тип: 1 & 1+ пол. (2.13)
1302 Рајо Ваљекано – Селта Виго (21:00)
Рајо Ваљекано и Селта Виго се на 11-тата и 12-тата позиција на табелата, а предност од два бода имаат фудбалерите од Галиција. Сепак, домашниот терен е предност за Рајо Ваљекано, но и одличната форма во која се наоѓаат, со оглед на тоа дека немаат пораз на последните шест натпревари, а на последниот меч на домашен терен одиграа фантастични 3-3 против Реал Мадрид.
Предлог тип: 1Х & 2+ (2.14)
3008 Лацио – Комо (20:45)
Лацио и Комо во 21-виот век имаат одиграно само три меѓусебни натпревари и сите три им припаднале на фудбалерите од главниот град на Италија. Лацио победувал со 5-1, 3-0 и 3-1, а вечерва ќе имаат шанса да ги залечат раните од болниот пораз против Рома со победа на домашен терен против Комо, кој се наоѓа на 16-тата позиција со само еден бод повеќе од опасната зона.
Предлог тип: 1 (1.77)
1801 Борусија Дортмунд – Баер Леверкузен (20:30)
Борусија Дортмунд и Баер Леверкузен се помеѓу екипите на чии натпревари оваа сезона во Бундес лигата се постигнуваат најмногу голови. На натпреварите на „фармацевтите“ оваа сезона се постигнати вкупно 58 голови, односно по речиси четири по натпревар, додека кај „милионерите“ се постигнати 50 гола. Тоа е само најава за ефикасниот фудбал кој ќе гогледаме на „Сигнал Идуна парк“ во Дортмунд.
Предлог тип: ГГ и 3+ (1.92)
1655 Стандард Лиеж – Кортријк (20:45)
Дуел на две екипи во првенството на Белгија кои се наоѓаат во катастрофална форма, па едната од нив вечерва може да започне победничка низа. Ниту Стандард, ниту Кортријк, немаат што да бранат и ќе мора да нападнат, а гостите на три од последните четири меча одиграа 3+, но за нивна жал, без да дојдат до целиот плен.
Предлог тип: 3+ (2.00)