Ѓоковиќ шокиран кога виде што облекол Кирјос на температура од 25 степени (Видео)

Австралијан Опен на официјалните профили на социјалните мрежи сподели интересно видео каде во главна улога беше Ник Кирјос, а тука е и Новак Ѓоковиќ.

Имено, додека Ѓоковиќ разговарал со членовите на својот тим, Кирјос незабележливо му пришол на Ноле и му шепнал нешто на уво. Србинот се сврте, и беше прилично изненаден што Австралиецот носи дебела зимска јакна (во Мелбурн температурата беше околу 25 степени), по што си разменија неколку зборови.

„Добро е што се вратив, тенисот стануваше здодевен без мене. Има добри тенисери, но нема личности кои се издвојуваат“, изјави Кирјос кој ја користи секоја прилика за да направи нешто што ќе предизвика внимание.

- Оглас -

Најнови вести