Аргентинскиот фудбалер Мауро Икарди кој околу 100 пати се разделуваше и смируваше со сопругата Ванда Нара, веројатно дефинитивно стави крај на таа приказна и јавно објави фотографии со Евгенија „Чина“ Суарез за која одамна се зборуваше дека е негова љубовница, иако тој негираше.
Икарди на Инстаграм објави фотографии со Чина, а многумина забележаа и дека на неговата десна рака веќе ја нема големата тетоважа на која пишуваше Ванда.
Икарди не само што е во врска со Чина и делува заљубен, туку објави и фотографии на кои неговите ќерки се прегрнуваат со неговата нова девојка, нешто што сигурно ќе ја заболи Ванда.
„Љубовта секогаш ја победува омразата“, напиша Икарди.
Не само тоа, силен удар врза Ванда е и лајкот на синот Бенедикто Лопез, кој е дете на Ванда од првиот брак со Макси Лопез. На Бенедикто му се допаѓа фотографија на која неговиот досегашен очув, е со новата девојка.
Ванда збеснала и го натерала синот веќе да не го следи Мауро Икарди на социјалните мрежи.