Нова драма: Ла Лига ќе се жали против одлуката за регистрација на Дани Олмо и Пау Виктор

Раководството на Ла Лига реши да поднесе жалба против одлуката на Врховниот спортски совет при владата на Шпанија за регистрацијата на фудбалерите на Барселона, Дани Олмо и Пау Виктор.

Имено, и Ла Лига и Фудбалската федерација на Шпанија претходно ја одбија регистрацијата на овие играчи, но Врховниот спортски совет ја измени таа одлука и даде зелено светло за нивна регистрација, што предизвика жестоки реакции, особено од Атлетико Мадрид.

Атлетико изрази незадоволство и остро протестираше против оваа одлука, а сега и челниците на Ла Лига, предводени од Хавиер Тебас, одлучија да ја оспорат регистрацијата.


Според информации од „Мундо Депортиво“ и Каталонското радио, жалбата ќе биде поднесена до суд, со цел одлуката на Врховнииот спортски совет да се преиспита.

Ла Лига инсистира на тоа дека сите одлуки треба да бидат фер и да се почитуваат истите правила за сите клубови. Во следните денови се очекува ова прашање повторно да стане централна тема, додека Барселона се обидува да го одбрани правото за регистрација на Дани Олмо и Пау Виктор.

- Оглас -

Најнови вести