Аморим има оптимистички план: Прво да го победиме Арсенал, а потоа и да го освоиме ФА Купот

Манчестер јунајтед сезонава игра многу слабо, тимот е во долниот дел од табелата во Премиер лигата. Токму затоа на клупата беше направена смена, па на местото на Ерик тен Хаг беше донесен Рубен Аморим. И со Аморим на чело, нема значително подобрување во играта и резултатите на Црвените ѓаволи.

Следниот голем предизвик за Манчестер јунајтед ќе биде дуелот против Арсенал во ФА Купот, а португалскиот стратег верува дека иако неговиот тим игра на гостински терен во Лондон, може да ги победат Топчиите.

„Ова е многу старо натпреварување со голема традиција. Знаеме дека пред нас имаме голем предизвик и тежок ривал, но нашата желба е да победиме и да одиме понатаму. Сите играчи се одморени и ќе излеземе со нашиот најсилем тим. Сакаме да одиграме како на дуелот против Ливерпул. Наша цел е да го освоиме ФА Купот“, рече Аморим пред мечот в недела против Арсенал.

- Оглас -

Најнови вести