Сержо Консеисао постави клупски рекорд во Милан, откако по само два меча откако беше назначен за нов тренер, се израдува на првиот трофеј. Росонерите го освоија Суперкупот на Италија, откако во полуфиналето го победија Јувентус со 2:1, а во финалето со 3:2 славеа над Интер.
Консеисао вели дека е среќен поради овој успех, но потенцира дека веќе е заборавен овој трофеј и фокусот е на иднината.
„Ние сме на 17 бодови далеку од врвот на табелата. Ова е клуб кој има 19 титули во пренството и седум во Лигата на шампиони, па нашите апетити не се задоволени со освојување на еден Суперкуп“, рече Консеисао пред мечот против Калјари.
„Треба да сме фокусирани за тој натпревар. Мора да победуваме и да се обидеме да ја намалиме разликата во првенството. Суперкупот веќе е завршена работа“, додаде португалскиот стратег.