Баер Леверкузен одигра шампиони меч на гостувањето во Дортмунд против Борусија, во дербито од 16 коло во германската Бундеслига. Феноменални почетни 19 минути имаше на „Сигнал Идуна Парк“, кога гостите постигнаа три гола, а домаќините еднаш ја затресоа мрежата на противникот.
Серијата голови започна во 25 секунда кога Тела со прекрасен шут од далечина погоди за 1:0 за Баер Леверкузен.
Веќе во осмата минута беше 2:0 за гостите, кога нивниот најдобар голгетер Патрик Шик ја усвои предноста.
Надеж за Борусија Дортмунд даде Гитенс кој во 12 минута погоди за 1:2, но кратко потоа повторно предноста на ривалот се врати на два гола.
Во 19 минута повторно на сцена стапи Шик кој погоди за 3:1 за гостите, што беше резултат по првото полувреме.
Во второто полувреме немаше многу возбудувања, но сепак завршницата беше неизвесната. Во 79 минута беше досуден пенал за Борусија, а Гераси погоди од белата точка за 2:3. Сепак, домаќините до крајот на средбата немаа сили да погодат и трет пат и да се спасат од пораз.
На овој меч за прв пат по март 2000 година (победа од 9:1 над Улм), Баер Леверкузен постигна три гола во почетните 19 минути на едно гостување. Фактот дека имаше дури четири погодоци во почетните 19 минути (1:3 резултат), го прави овој меч историски за Фармацевтите.
19 – For the first time since March 2000 (9-1 in Ulm), Bayer 04 Leverkusen scored three times in the first 19 minutes of a Bundesliga away match. Four goals in the first 19 minutes of a Bundesliga match involving Leverkusen is a novelty. Spectacle. #BVBLEV pic.twitter.com/knrj5kDguN
— OptaFranz (@OptaFranz) January 10, 2025