Во една минута доби два жолти картони и потоа Лацио не можеше да го одбрани водството (Видео)

Лацио киксираше на својот „Олимпико“ откако одигра само 1:1 против Комо во меч од 20 коло на Серија А. Римскиот тим водеше на полуврем со голот на Диа, но потоа во второто полувреме домаќините останаа со фудбалер помалку.

Во 57 минута Чуна направи два остри фаули поради кои доби два жолти картони и беше исклучен. Оваа ситуација и двата жолти картони може да ги видите ТУКА.

Откако Лацио остана со фудбалер помалку, Комо тргна во напад да израмни и тоа на гостите им успеа во 72 минута кога погоди Патрик Кутроне.

- Оглас -

Најнови вести