Барселона го одби првиот предлог од Јувентус за дефанзивецот Роналд Араухо, пишува „Мундо Депортиво“. Бјанконерите се во итна потрага по нов централен дефанзивец поради повредите на Глејсон Бремер и Хуан Кабал. Уругваецот е приоритетна цел за италијанскиот клуб откако неуспешно преговараа со Антонио Силва од Бенфика.
Сепак, преговорите за Роналд Араухо нема да бидат лесни. Иако фудбалерот има желба да ја напушти Барселона, клубот нема намера да го пушти без да добие значителна сума за трансферот.
Понудата на Јувентус изнесувала вкупно 30 милиони евра, од кои 5 милиони да се платат веднаш како позајмица, а дополнителни 20 милиони за откуп на неговите права следното лето, плус уште 5 милиони преку разни бонуси.
Од „Камп Ноу“ категорично го одбиле овој предлог, бидејќи бараат минимум 70 милиони евра за својот фудбалер.