Флорентино Перез му понуди 100 милиони евра на фудбалер на Баерн Минхен

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, му понудил 100 милиони евра на Алфонсо Дејвис за петгодишен договор со Kралевите. Реал Мадрид веќе неколку месеци води преговори со левиот бек на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис. Според извори од Кадена СЕР, трансферот може да биде завршен благодарение на директната иницијатива на Перез.

„Реал Мадрид му понуди на Алфонсо Дејвис петгодишен договор вреден 100 милиони евра, што значи годишна бруто плата од 20 милиони евра“, откри медиумот.

Баерн, сепак, не планира да се откаже лесно. Според истиот извор, германскиот клуб е подготвен да ја изедначи понудата на Реал, оставајќи ја конечната одлука на канадскиот фудбалер.

Дејвис е дел од Баерн веќе шест години. Во јануари 2019 година, тој беше доведен како непознат играч од тогашниот спортски директор Хасан Салихамиџиќ за 14 милиони евра. Иако првично оваа сума беше сметана за ризична, Дејвис брзо ги оправда очекувањата и стана еден од најдобрите леви бекови во светот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести