Реал Мадрид утре ќе се сретне против Барселона во првото Ел Класико оваа сезона, во рамки на Суперкупот, а ден пред натпреварот пристигнуваат одлични вести за тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти.
Според информациите на угледниот „АС“, италијанскиот стратег ќе може да смета на Џуд Белингам, Феде Валверде и Аурелиен Чуамени, кои претходно беа лесно повредени.
Овие тројца играчи се клучни за Кралевите на своите позиции, а треба да се напомене дека Џуд Белингам беше прогласен за играч на натпреварот во полуфиналето против Мајорка.
Дополнително, Карло Анчелоти ќе го има на располагање и Лука Модриќ, кој се опорави од грипот, што е уште една добра вест за тимот.
Шпанскиот Суперкуп, кој веќе традиционално се игра на почетокот на годината во Саудиска Арабија, ќе го понуди финалето меѓу Реал Мадрид и Барселона утревечер во 20 часот.