Евертон донесе изненадувачка одлука да се раздели со досегашниот менаџер Шон Дајш само неколку часа пред натпреварот од ФА Купот против Питерборо. Тренерските обврски за тој меч ги презедоа поранешниот фудбалер на Карамелите Лејтон Бејнс и Шејмус Колман.
Во меѓувреме, семејството Фридкин, сопствениците на клубот, брзо пронајдоа познато решение кое би можело да ги израдува навивачите на клубот од Ливерпул.
Евертон постигна договор со Дејвид Мојс, шкотскиот стратег, кој по вторпат го презема кормилото на клубот.
Everton Football Club is delighted to welcome back David Moyes as their new Manager, effective immediately. ✍️
— Everton (@Everton) January 11, 2025
Мојс потпиша договор со важност до летото 2027 година. Тој го водеше Евертон од 2002 до 2013 година, период во кој тимот редовно завршуваше во горниот дел на табелата, сè до неговото заминување во Манчестер јунајтед.
Покрај Карамелите и Манчестер Јунајтед, Мојс има искуство како тренер на Престон Норт Енд, Реал Сосиедад, Сандерленд и Вест хем, каде што работеше во два наврата.
Евертон моментално се наоѓа на 16-то место на табелата во Премиер лигата со 17 освоени бодови, само еден помалку од тимовите што се наоѓаат во зоната за испаѓање.