Јокиќ: За малку ќе „умрев“ на теренот

Српскиот центар Никола Јокиќ се врати на теренот по неколкудневно отсуство поради болест. Тој ги пропушти натпреварите против ЛА клиперс и Бостон селтикс, на кои неговиот тим забележа една победа и еден пораз. Но, минатата вечер Јокиќ блесна во триумфот над Бруклин нетс со феноменална статистика.

„Чувствувам дека сум подобро, многу подобро од последните неколку дена. Секој ден е малку подобар, иако напредувам полека. Со помош на стручниот штаб добив многу третмани. Ми дадоа течности, антибиотици и уште некои работи. Искрено, не знам точно што сè испив, едноставно пиев сѐ што ми дадоа. Третманот беше за сè – од главата, носот, градите до грлото. Телото ми беше навистина во лоша состојба, ситуацијата беше доста тешка,“ изјави Јокиќ на прес-конференцијата.

На прашањето колку му било тешко да игра со респираторни потешкотии, Јокиќ одговори:
„Се чувствував уморно. Второто полувреме беше многу подобро од првото. Во првото полувреме речиси „умрев“. Така што, да, беше тешко.“

Неговиот придонес беше клучен за успехот на тимот, и покрај физичките предизвици што ги надмина.

- Оглас -

Најнови вести