Лионел Меси за точно една година би можел повторно да заигра во Барселона или некој друг европски клуб.
Аргентинската фудбалска суперѕвезда се согласил на продолжување на договорот со Интер Мајами до декември 2026 година, а во договорот ќе има и клаузула со која Меси би можел во јануари 2026 како позајмен да замине да игра во европски клуб, за да биде максимално подготвен за Светското првенство кое се игра во летото 2026 година.
Меси планира да игра на Мундијалот во САД, Канада и Мексико, но регуларната сезона во МЛС лигата завршува во октомври 2025, и не продолжува пред февруари-март 2026, и затоа Меси сака да има опција за време на паузата, да оди во Европа и да се одржува во натпреварувачки ритам.
Јасно е дека Барселона е клубот во Европа во кој Меси би преферирал да игра 8-9 меча (од јануари до крајот на февруари или почетокот на март) како позајмен, но можеби ќе одбере и некој друг клуб, во кој би ја одржувал формата пред враќањето во Мајами за кој повторно би играл до почетокот на СП во јуни 2026.