Ѓоковиќ: Само една жена би можела да ми биде тренер, тоа е Моника Селеш

Најуспешниот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, сака да продолжи да испишува нови страници од историјата на тенисот, да урива рекорди, а неодамна го ангажираше својот поранешен лут ривал Енди Мареј за тренер, и се надева дека ќе може да му помогне да постигне нови цели.

Тој пред почетокот на Австралија опен, Новак беше запрашан дали на листата на потенцијални кандидати за тренер има жена. Одговорот прво беше негативен, но потоа се исправи и рече дека би можело да биде само едно женско лице – Моника Селеш.

„Единствено би можел со Моника, сега кога веќе го спомнавте. Всушност, таа ми е и повремен ментор. Ние сме во комуникација долги години. Кога бев повреден и дисквалификуван во Америка, таа секогаш ме контактираше во тие моменти, ми даде поддршка“, изјави Ѓоковиќ.

Потоа откри и колку таа му значи.

„Моника е всушност мојот прв идол. Таа и Пит Сампрас. Сепак, таа ми беше поблиска од Пит поради Јелена Генчиќ. Работеше со Моника и затоа ги знам сите нејзини рутини. Тие основи ми беа пренесени и на мене“, рече Ѓоковиќ.

Селеш која има 51 година, родена е во Нови Сад и во кариерата освои девет гренслем титули. Којзнае колку ќе имаше ако не беше избодена со нож на турнирот во Хамбург во 1993 година, кога имаше само 20 години. Таа беше идол на сите во поранешна Југославија, а подоцна продолжи да настапува под знамето на САД.

- Оглас -

Најнови вести