Навивач на Ливерпул играше против Црвените, а по мечот Слот му исполни една голема желба

Фудбалерот на англискиот нисколигаш Акрингтон, Џош Вудс беше еден од најсреќните кога дозна дека во ФА Купот, неговиот тим ќе игра против Ливерпул. Вудс е голем навивач на Ливерпул, а ждрепката сакаше Акрингтон да гостува на легендарниот „Енфилд роуд“.

Вудс денеска беше во стартниот тим на Акрингтон и одигра 63 минути, а потоа беше заменет. Ливерпул лесно победи со 4:0, но Вудс воопшто не беше разочаран што Акрингтон е елиминиран. Фудбалерот дури и среќен си замина, затоа што по завршување на дуелот доби исполнување на една голема желба, а тоа е да се фотографира со тренерот на Црвените, Арне Слот.

Диого Жота, Трент Александер-Арнолд, Џејден Данс и Федерико Кијеза беа стрелци во победата на Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести