Убиен водачот на навивачите на Борац, бил сочекан пред ресторан (Видео+ вознемирувачко фото)

Вечерва во Бања Лука на паркингот пред еден ресторан е убиен Дејан Костиќ Дела, водач на навивачката група „Лешинари“, поддржувачи на фудбалскиот клуб Борац.

Костиќ беше добро познато лице на полицијата. Во 2010 година, кога имал само 20 години учествувал во обид за убиство, кога бил осуден на пет години затвор. Потоа, во 2018 година два пати бил избоден со нож во Бања Лука.

Потоа се „прославил“ и кога претепал еден келнер во кафетерија, а сето тоа било снимено со мобилен телефон. Во јуни 2022 година бил ранет во пукање во Бања Лука. Во март следната година повторно бил мета на напад и повторно било пукано кон него, а бил уапсен Марко Праштало.

Еден период, Костиќ бил член на собранието на фудбалскиот клуб Борац од Бања Лука и тоа како водач на навивачката група „Лешинари“. Бил познат и како учесник во многу тепачки.

По толку инциденти, Костиќ вечерва беше убиен пред ресторан во Бања Лука.

 

- Оглас -

Најнови вести