Клиповите сезонава играат како подмачкани, Морант и Хиро се хероите на вечерта во НБА (Видео)

Во НБА лигата се одиграа четири натпревари, а постигнати беа следните резултати: Феникс – Јута 114-106, Детроит – Торонто 123-114, Минесота – Мемфис 125-127 и Портланд – Мајами 98-119.

Кејд Канингем од Детроит пистонс направи трипл-дабл од 22 поени, 10 скока и дури 17 асистенции, со што беше предводник на својот тим до деветтата победа на последните 11 мечеви. Клиповите сезонава имаат огромен напредок во однос на претходните и се борат за влез во плејофот.

Тајлер Хиро кој даде 32 поени и вторпат во 2025 година дава над 30 поени, беше најзаслужен за победата на Мајами. Хиро погоди седум тројки, па сега Мајами има три победи по ред.

Феникс не губеше во ниту еден момент од средбата со Јута и извојува рутинска победа во меч на кој најефикасен поединец беше Девин Букер со 34 поени, а Кевин Дурант уфрли 25.

Најинтересно беше во Минеаполис каде што имаше 25 промени на водството, а Гризлите предводени од Џа Морант, победија тесно. Морант се разигра во последната минута и со луди потези во индивидуални акции реализираше два напади со кои му донесе триумф на својот тим кој губеше на стартот на последната минута.

Погледнете:

- Оглас -

Најнови вести