Реал Мадрид и Барселона вечерва од 20 часот ќе водат битка за трофејот во шпанскиот Суперкуп, ова е трета година по ред во финалето да има Ел Класико, а тренерите се чини дека знаат со кои 11-мина ќе го почнат мечот и надмудрувањето.
Шпанските медиуми најавуваат дека е јасно која е „гала 11-ката“ на Карло Анчелоти и дека Реал ќе почне со истите 11-мина кои стартуваа и против Мајорка во полуфиналето, а тоа значи формација 4-3-3 со Мбапе, Винисиус и Родриго напред, Белингам, Валверде и Камавинга во средина, а во одбрана пред голманот Куртоа се Лукас Васкес, Ридигер, Чуамени и Менди.
Ханси Флик има одредени дилеми затоа што овојпат на располагање го има Дани Олмо, а и голманот Шченсни покажа дека не заборавил да брани и во добра форма беше во купот и полуфуналето на Суперкупот.
Не се знае дали на голот ќе биде Шченсни или Пења, а во средината многу поверојатно е да стартува Гави отколку Олмо. Барса веројатно ќе почне со Шченсни, Кунде, Кубарси, Ињиго Мартинез, Балде, Касадо, Педри, Гави, Рафиња, Јамал, Левандовски.