Македонската машка ракометна репрезентација в среда вечер во Вараждин против Унгарија го почнува настапот на Светското првенство кое се одржува во Хрватска, Данска и Норвешка.
Избраниците на селекторот Кирил Лазаров во првото коло играат со Унгарија, а шансите за победа на Црвено-жолтите не се добри според букмејкерите. Квотата за победа на Македонија е 9.45, а основната хендикеп граница е поставена на 7.5 голови разлика.
Унгарија е прв фаворит за освојување на првото место во групата Д која ќе се игра во Вараждин. Потоа следува Холандија, за Македонија да биде прва во групата квотата е 33.0.
Има опции да се обложите и на пласман во полуфинале и финале. За Македонија да биде полуфиналист на СП, квотата е 77.0, а за фиуналист е 350.0.
Доколку мислите дека Македонија може да стане шампион, бруто добивката ќе ви биде 777 пати поголема од уплатата. Главни фаворити за титула се Данците, а по нив следуваат Франција и Шведска. Во топ 10-те фаворити, нема ниту еден тим од нашата група во Вараждин.
Македонија ни од далеку не е најголем аутсајдер за освојување на титулата, на дури 11 селекции им се даваат помали шанси. За овие 11 тимови квотите за светски првак се 900 и поголеми. Во таа група е и Гвинеја која би требало да ја победиме во третото коло и тој триумф ќе ни донесе пласман во главната групна фаза, меѓу 24-те најдобри на светот.
Репрезентација на Македонија денеска ќе го има последниот тест пред стартот на Светското првенство. Ривал е африканската селекција Зеленортски Острови. Maкедонија досега во подготвителниот период ги совлада тимовите на Нови Београд, Динамо Панчево и Сесвете, а загуби од репрезентациите на Србија и Хрватска.