Никогаш не треба да се слави предвреме, или што би рекле старите: Прво скокни, па кажи оп! Ова е лекција која на болен начин ја научи бразилскиот голман Габриел Гаспарото.
Гаспарото кој брани за Парана, на средбата со Атлетико Паранаенсе од шампионатот Паранаенсе, при водство на неговиот тим од 1-0, одбрани пенал, се сврте кон трибините и почна да се радува. Тоа беше катастрофална грешка бидејќи топката се одби до противнички играч кој постигна гол, користејќи го невниманието на голманот. Подоцна Атлетико даде уште еден гол и победи со 2-1.
Којзнае дали фаворитот ќе освоеше три бода како Гаспарото беше фокусиран и не се радуваше по одбранетиот пенал.
Погледнете ја ситуацијата која насмеа многумина, а го засрами голманот кој сфати каква грешка направи:
El arquero de Paraná atajó un penal y salió a festejar con la pelota en juego.
Así empezó el Campeonato Paranaense. #FútbolBrasilero 🇧🇷 pic.twitter.com/HDi8uO6dvm
— En Una Baldosa (@enunabaldosa) January 11, 2025