Наполи деновиве ќе го продаде Хвича Кварацхелија, најверојатно во ПСЖ, а со парите од продажбата планира да купи друг квалитетен офанзивец, за да ја пополни празнината која ќе се создаде со заминувањето на Грузиецот.
Се спомнуваше дека најсериозни кандидати со кои Наполи сака да преговара се Федерико Кјеза од Ливерпул, Едон Жегрова од Лил и Хаким Зијеш од Галатасарај. Но, утрово се појави нова информација, а тоа е дека всушност главна желба на тренерот Антонио Конте е во Наполи да биде донесен Аргентинецот Алехандро Гарначо од Манчестер јунајтед.