Седлоски: Моравме да го подмладиме составот, Вардар не ја заслужува моментната позиција!

Скопски Вардар ги почна подготовките, во тимот на тренерот Гоце Седлоски има многу нови играчи кои во следниов период ќе треба да се вклопат, а целта за вториот дел од сезоната е да се избега од опасната зона и да се проба да се нападне трофејот во купот.

„Со просечна возреаст од 29,6 години, Вардар го имаше вториот најстар состав во првата лига, само Гостивар имаше постар тим од нашиот. Сега потпишуваме со млади квалитетни играчи и тоа се договори на подолг период што значи дека се размислува за долгорочна иднина. Имаме еден месец за подготовки, најважно е добро да се подготвиме да може да парираме. Нашата шанса за трофеј ја гледаме во купот иако уште во следното коло предизвик ни е Силекс со кој играме дома. Дојдоа многу нови играчи, во следните неколку дена треба да дојдат уште две-три засилувања да се комплетира ростерот. Следната недела патуваме во Анталија на подготовки“, рече Седлоски.

- Оглас -

Најнови вести