Едиз Спахиу и Давор Талевски се меѓу бројните принови на фудбалскиот клуб Вардар, и веруваат дека на Црвено-црните им претстои успешна пролет.
„Приоритет е добро да стартуваме во пролетниот дел и Вардар да напредува на табелата бидејќи моментно е на позиција која не е типична за најтрофејниот клуб во Македонија. Сакаме да го освоиме Куп трофејот и да обезбедиме излез во Европа. Знаеме Вардар што значи во македонскиот фудбал, подготвени сме за предизвикот кој ни следи во пролетниот дел“, велат напаѓачот кој дојде од Тиквеш и досегашниот голман на Шкендија.
Најтрофејниот македонски клуб вчера ги започнa подготовките за пролетниот дел од сезоната, шефот на стручниот штаб Гоце Седлоски на располагање има 25 фудбалери, а во тек се преговори за уште три засилувања. Најавата е дека на подготовките во Анталија ќе се оди со 27 играчи, меѓу нив нема да бидат Мицевски и Брдаровски.
Подготовките ќе се одвиваат во два дела. Првиот во тренинг центарот на Вардар до 16-ти јануари, а од 18-ти јануари заминиваат на тринеделни подготовки во Анталија, Турција, каде ќе одиграат шест пријателски натпревари.