Некогашната НБА ѕвезда и четирикратен Ол-стар играч ДеМаркус Казинс кариерата ќе ја продолжи во Монголија. Кошаркарот кој со САД има освоено златен медал на Олимписките игри и на Светско првенство, сигурно не ни можел да претпостави дека ќе игра во првенството на Монголија, но тоа сега е реалност.
Казинс е преставен како големо засилување на тимот на Селенге и главна цел е освојување на титулата во домашното првенство, но тимот да игра и значајна улога во кошаркарската Лига на шампиони во Азија.
Казинс беше петти пик на драфтот во НБА лигата и беше столбот во играта на Сакраменто кингс. Во НБА настапуваше и за екипите на Њу Орлеанс, Голден Стејт, Хјустон, ЛА клиперс, Милвоки, Денвер,а потоа следуваше пад во формата, па центарот кариерата ја продолжи во Порторико, па играше и во Тајван. потоа беше дели од турнири 3 на 3 за сега да заврши во Монголија.