Манчестер јунајтед херојски преживеа на „Емирати“ и на пенали го елиминира Арсенал од ФА купот

Манчестер јунајтед ја доби големата битка со Арсенал во ФА купот откако дури по изведување пенали (3-5) славеше на „Емирати“ и се пласира во следната рунда. Херој на мечот беше голманот на Ѓаволите, Алтај Бајиндир, кој во пенал-серијата го одбрани ударот на Каи Хаверц, а и во регуларниот тек од мечот го скроти пеналот на Едегор.

Во регуларниот тек, а и по продолженијата резултатот беше 1-1. Поведоа гостите со голот на Бруно Фернандеш во 52-та минута, а израмни Габриел во 63-та минута.

Само две минути претходно Манчестер јунајтед остана со фудбалер помалку поради вториот жолт картон на Далот, а голманот на гостите Алтај Бајиндир во 73-та минута му одбрани пенал и на Мартин Едегор.

Драмата продолжи со изведување пенали, а таму херој беше турскиот голман во дресот на Манчестер јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести