Наполи ја оствари 15-та победа во Серија А оваа сезона откако на домашен терен ја совлада Верона со 2-0. Тимот на Антонио Конте сега повторно има четири бода предност во однос на Интер, но и два натпревари повеќе од актуелниот италијански првак.
Наполитанците поведоа во петтата минута, кога гостинскиот голман Лоренцо Монтипо си постигна автогол.
Вториот гол беше дело на Франк Ангиса во 61-та минута од дуелот.