Анчелоти откри зошто Реал Мадрид беше толку лош во првото полувреме против Барселона

Реал Мадрид претрпе дебакл во финалето на Суперкупот на Шпанија и со 2:5 загуби од најголемиот ривал Барселона. Сите дилеми околу победникот беа решени уште во првото полувреме кога каталонскиот гигант поведе со 4:1.

По мечот, тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти беше разочаран.

„Ова беше лоша ноќ, тажни сме како и сите наши навивачи. Големо е разочарувањето и тоа не смееме да го криеме, но ова е фудбал. Понекогаш можеш да победиш, а понекогаш треба да извлечеш лекција од поразот. Мораме да гледаме напред“, изјави Анчелоти веднаш по загубеното финале.

Италијанскиот стратег посебно беше разочаран од играта на неговиот тим во првото полувреме, потенцирајќи дека играчите на теренот не одиграле како што бил договорот пред натпреварот.

„ Во првото полувреме не игравме фудбал, игравме на долги топки, а тоа не беше идејата. Лошо се браневме, ова ни наштети во играта. Противникот лесно доаѓаше до нашиот гол. На полувремето реков дека прво треба да се обидеме да играме фудбал бидејќи во првото полувреме не игравме фудбал. Нема да го вперам прстот кон ниту еден играч посебно, но факт е дека не игравме добро“, сумираше италијанскиот стратег.

- Оглас -

Најнови вести