Синер тргна силно во Мелбурн, 15-та победа по ред за него

Светскиот тениски рекет број 1, Јаник Синер, со победа во три сета ја започна одбраната на титулата на Отвореното првенство на Австралија.

Италијанецот беше подобар од Чилеанецот Николас Жари со 7-6, 7-6, 6-1. За Синер ова е 15-та победа по ред на АТП турнири, 14 од нив се без загубен сет. Синер има серија од 29 последнователни освоени сетови без да загуби ниту еден. Последниот пораз на Синер му беше на почетокот на октомври од Алкараз во Пекинг.

На машкиот дел од Австралијан опен се случи и првото поголемо изненадување. Елиминиран е Гркот Стефанос Циципас кој беше финалист на овој турнир пред две години, а уште трипати стигнал до полуфинале. Циципас кој е 11-ти носител, загуби од Американецот Микелсен. Ова е втор гренслем по ред на кој Гркот испаѓа уште во првото коло, истото му се случи и пред неколку месеци на САД опен.

- Оглас -

Најнови вести